Персонален тренинг

Ваша цел. Ваше тело. Наша задача. Заедничка сатисфакција.

Персонален тренинг во теретана претставува вистински начин за постигање на она што отсекогаш сте го сакале: намалување или зголемување на телесна маса, обликување и зацврснување на вашео тело, подобрување на кардиореспираторнате функција. Персоналниот тренер ќе ви помогне побрзо и поуспешно, без грешки и недоумици даја постигнете својата цел.

Нашите тренери се високо квалификувани, љубезни и стрпливи, и подготвени да во соработка со вас придонесат до унапредување на квалитето на вашиот живот.
Персонален тренинг е важна инвестиција и затоа треба да бидете сигурни дека сте го избрале вистинскиот тренер. Доколку имате јасно артикулирани желби и потреби нашите тренери ќе ви помогнат да ги реализирате.

5 добри причини да имате личен тренер:

  1. Тренерот применува различни ефективни планови на вежбање базирани на вашите специфични потреби.
  2. Тренерот не е тука само за да ви покаже како правилно да ја користите опремата туку да ве научи како правилно да ја  изведете вежбата. Тој ќе ве научи на основните принципи на вежбање кои ќе ви користат цел живот.
  3. Со стручно водење на тренингот, тренерот контролира со кое темпо и каков интензитет  ги изведувате вежбите.
  4. Тренерот може да ги воочи вашите слабости, и да ви помогне да ги надминете, и евентуално претворите во ваши предности.
  5. Доколку имате доверба во вашиот тренер со помош на континуирана мотивација вашите резултати ќе бидат оптимални.

 

personalen-trening