За нас

Атлета  е  култна скопска теретана, формирана во 1985 година. Долгогодишното искуство во грижата за вашиот убав изглед и доброто здравје го направи Атлета еден од најпопуларните клубови во нашата земја. Огромен  е бројот на успешни боди билдери, фитнесс натпреварувачки  и  други  спортисти који дел од својата каријера ја поминале во оваа теретана.

Краток историјат

Фитнес клубот Атлета постои од 1986 година. Атлета е првиот официјално регистриран бодибилдинг клуб во нашата земја. Повеќе десетици илјади членови се запознаа со основните принципи на правилно вежбање и здрава исхрана во нашиот клуб.

Членови на различни генерации на иста фамилија , родители и деца, ги продолжија добрите спортски навики во секогаш инспиративната вежбачка атмосфера во најстариот бодибилдинг клуб во Македонија.

Во Атлета се создадени многу (нескромно е да се каже најмногу, но е точно) шампиони и шампионки во нашата земја. Љубителите на бодибилдингот добро ги познаваат бројните освојувачи на медаљи на домашен терен но и на меѓународни натпревари..

Истакнати имиња кои вежбале во Атлета и се натпреварувале за Атлета и за Македонија се:

  • Синиша Кариќ
  • Кујтим Нагавци
  • Милан Глигороски
  • Цветко Стојменов
  • Жарко Кабов
  • Небојша Јоциќ
  • Јулијана Штрковска
  • Жељко Чакарески
  • Жарко Срдиќ
  • Мирко Петровски
  • Емилија Трајковска
  • Светлана Маслова
  • Александара Маџароска
  • Семра Ајро

 

Со особена почит и благодарност ги спомнуваме имињата на двајца основоположници на овој спорт во Македонија,почитуваните г-дин Томислав Стокиќ и г-дин Илија Глигороски, кои се и основачи на ББК Атлета. Со  голем ангажман и посветеност тие ги поставија темелите на бодибилдингот (тогаш атлетска гимнастика) во Македонија.