Теретана/бодибилдинг

Фитнес клубот  АТЛЕТА 2003 е опремен со врвни професионални справи за вежбање кои вклучуваат различни сегменти: кардио справи, машини за вежбање, слободни тегови и групни вежби. На членовите на фитнесс клубот им стојат на располагање нашите инструктори, стручњаци од областа на спортот и рекреацијата.

Просторот е предвиден за комфорно вежбање на секој вежбач. Теретаната е осмислена така да за секој вежбач има доволно простор за движење и правилно вежбање.

Во модерно уредените гардероби на сите вежбачи им е овозможено безбедно сместување на личните работи во гардеробни ормарчиња и  услови  за туширање.

 

teretana